Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги поканува сите студенти и матуранти од Република Македонија да аплицираат за конкурсот за стипендии за академската 2018/2019 година. Оваа година нашето здружение ќе награди одреден број на стипендии во вредност од 450 евра. Стипендиите ќе бидат доделени на успешни студенти на кои им е потребна финансиска помош. Валидна апликација треба да ги содржи следниве документи:

  1. Формулар за аплицирање со точните податоци на кандидатот
  2. Мотивационо писмо за потребата на стипендија (максимум 1 стр.)
  3. Писмо за препорака од работодавач или професор кој го познава студентот во професионален или академски капацитет (максимум 1 стр.)
  4. Транскрипта на оценки од универзитет или средно училиште за секој предмет и просечна оценка
  5. Официјални документи кои ја потврдуваат потребата за финансиска помош
  6. Дополнителни документи

Апликацијата треба да биде поднесена според информациите на: https://www.penda.org.mk/apply

Прикачените документи треба да бидат во ПДФ формат и да бидат пратени преку емаил на apply@penda.org.mk, најдоцна до 15 Септември 2018. За дополнителни прашања, пишете на contact@penda.org.mk.

Одборот на Асоцијација за Едукација ПЕНДА

Тетово, Септември 2018

Мени