Конкурс за стипендии за академската 2020/2021 година

Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги поканува сите универзитетски студенти и матуранти кои живеат во Република Северна Македонија да одговорат на конкурсот за стипендии за академската 2020/2021 година. Оваа година нашето здружение ќе додели одреден број на стипендии во вредност од по 450 евра, со цел да ги поддржи успешните студенти на кои им е потребна финансиска помош. Валидна апликација ги вклучува следниве документи:

  1. Формулар за аплицирање- овој формулар дава информации во врска со кандидатот.
  2. Мотивационо писмо- документ од една страна во кој се наведува зошто кандидатот ја заслужува оваа стипендија.
  3. Писмо за препорака- документ од една страна од наставник/ професор или работодавач кој го познава кандидатот во академски или професионален капацитет.
  4. Транскрипти- официјални транскрипти од универзитет или средно училиште со наведени оценки стекнати од кандидатот и просечна оценка.
  5. Доказ за приход- официјален документ со кој се потврдува работниот статус на двата родитела. Ако родителите се вработени, треба да се обезбеди официјален документ во кој се наведени нивните примања.
  6. Дополнителни документи

Апликацијата треба да се достави најдоцна до Август 31, 2020 преку следниот формулар:  

Сите кандидати кои ќе ја поминат почетната изборна фаза ќе бидат повикани на интервју на лице место.

За дополнителни прашања во врска со аплицирањето, кандидатите може да пишат на: contact@penda.org.mk

Одбор на Асоцијација за Едукација ПЕНДА 

Тетово, Јули 2020

Мени