Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги поканува сите универзитетски студенти, вклучувајќи и средношколски матуранти кои живеат во Република Северна Македонија да се пријаават на отворениот конкурс за стипендии за следната академска година 2021/2022.
Оваа година, асоцијацијата ПЕНДА ќе додели одреден број на стипендии во вредност од по 450 евра, со цел да ги поддржи успешните студенти на кои им е потребна финансиска помош.
Потребни документи заедно со формуларот за апликација се:
- Формулар за аплицирање – овој формулар дава информации во врска со кандидатот.
- Мотивационо писмо- документ од една страна во кој се наведува зошто кандидатот ја заслужува оваа стипендија.
- Два писма за препорака- документ од една страна од наставник/ професор или работодавач кој го познава кандидатот во академски или професионален капацитет.
- Транскрипти- официјални транскрипти од универзитет или средно училиште со наведени оценки стекнати од кандидатот и просечна оценка.
- Доказ за приход- официјален документ со кој се потврдува работниот статус на двата родитела. Ако родителите се вработени, треба да се обезбеди официјален документ во кој се наведени нивните примања.
- Дополнителни документи
Апликацијата треба да се достави најдоцна до 20.09.2021 (10.09.2021) преку следниот формулар: https://forms.gle/EiT98p7oGs9gjbkL9
Сите кандидати кои ќе ја поминат првата фаза од проццесот на селектирање, ќе бидат своевремено известени и повикани на интервју средба, најдоцна до 30.09.2021.
За дополнителни прашања во врска со аплицирањето, ве молиме да се обратите на следната електронска (е-маил) пошта на: contact@penda.org.mk
Одбор на Асоцијација за Едукација ПЕНДА