Конкурс за стипендии за академската 2021/2022 година

Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги поканува сите универзитетски студенти, вклучувајќи и средношколски матуранти кои живеат во Република Северна Македонија да се пријаават на отворениот конкурс за стипендии за следната академска година 2021/2022.

Оваа година, асоцијацијата ПЕНДА ќе додели одреден број на стипендии во вредност од по 450 евра, со цел да ги поддржи успешните студенти на кои им е потребна финансиска помош.

Потребни документи заедно со формуларот за апликација се:

  1. Формулар за аплицирање – овој формулар дава информации во врска со кандидатот.
  2. Мотивационо писмо- документ од една страна во кој се наведува зошто кандидатот ја заслужува оваа стипендија.
  3. Два писма за препорака- документ од една страна од наставник/ професор или работодавач кој го познава кандидатот во академски или професионален капацитет.
  4. Транскрипти- официјални транскрипти од универзитет или средно училиште со наведени оценки стекнати од кандидатот и просечна оценка.
  5. Доказ за приход- официјален документ со кој се потврдува работниот статус на двата родитела. Ако родителите се вработени, треба да се обезбеди официјален документ во кој се наведени нивните примања.
  6. Дополнителни документи

Апликацијата треба да се достави најдоцна до 20.09.2021 (10.09.2021) преку следниот формулар: https://forms.gle/EiT98p7oGs9gjbkL9

Сите кандидати кои ќе ја поминат првата фаза од проццесот на селектирање, ќе бидат своевремено известени и повикани на интервју средба, најдоцна до 30.09.2021.

За дополнителни прашања во врска со аплицирањето, ве молиме да се обратите на следната електронска (е-маил) пошта на: contact@penda.org.mk

Одбор на Асоцијација за Едукација ПЕНДА