Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги поканува сите универзитетски студенти, вклучувајќи и средношколски матуранти кои живеат во Република Северна Македонија да се пријаават на отворениот конкурс за стипендии за следната академска година 2022/2023.
Оваа година, асоцијацијата ПЕНДА ќе додели одреден број на стипендии во вредност од по 5,000 денари месечно (за 9 академски месеци), со цел да ги поддржи успешните студенти на кои им е потребна финансиска помош.
Потребни документи заедно со формуларот за апликација се:
- Формулар за аплицирање – овој формулар дава информации во врска со кандидатот.
- Мотивационо писмо- документ од една страна во кој се наведува зошто кандидатот ја заслужува оваа стипендија.
- Два писма за препорака- документ од една страна од наставник/ професор или работодавач кој го познава кандидатот во академски или професионален капацитет.
- Транскрипти- официјални транскрипти од универзитет или средно училиште со наведени оценки стекнати од кандидатот и просечна оценка.
- Доказ за приход- официјален документ со кој се потврдува работниот статус на двата родитела. Ако родителите се вработени, треба да се обезбеди официјален документ во кој се наведени нивните примања.
- Дополнителни документи
Апликацијата треба да се достави најдоцна до 16.09.2022 преку следниот формулар: https://forms.gle/74cW2NUvsSjCRh8T6
Како дел од овогодинешниот повик, Aсоцијацијата за образование „Пенда“ ќе понуди бесплатна онлајн обука за подготовка на потребните документи (CV, мотивационо писмо и сл) за аплицирање. Кандидатите кои ќе присуствуваат на онлајн обуката ќе бидат позитивно разгледани за време на процесот на скрининг. Онлајн обуката ќе се одржи на 03.09.2022 (време: 10:00-12:00). Линкот за онлајн обуката е: https://meet.google.com/uth-surn-nas.
АЖУРИРАЊЕ: Слајдовите од онлајн обуката можете да ги најдете овде: преземете слајдови.
Сите кандидати кои ќе ја поминат првата фаза од проццесот на селектирање, ќе бидат своевремено известени и повикани на интервју кое ќе се одржи на 07-09.10.2022.
За дополнителни прашања во врска со аплицирањето, ве молиме да се обратите на следната електронска (е-маил) пошта на: contact@penda.org.mk
Одбор на Асоцијација за Едукација ПЕНДА