Конкурс за стипендии за академската 2024/2025 година

Здружението за образование „Пенда“ ги поканува студентите (дипломирани и магистри) и матурантите во Република Северна Македонија да се пријават на отворениот повик за стипендии за учебната 2024/2025 година. Стипендиите ќе бидат доделени на одлични студенти на додипломски студии на кои им е потребна финансиска поддршка.

Информации за отворениот повик за аплицирање
  • Формулар за апликација преку Интернет: https://forms.gle/AZQ4P6uyZAdPvgoMA
  • Вредност и времетраење на стипендијата: 5.000 денари месечно (за 9 академски месеци)
  • Краен рок за пријавување: 15.09.2024 година
    • Објавување на резултатите за првата фаза од селекција и покани за интервјуа: 07.10.2024 15.10.2024
    • Термини за интервју: 18-20.10.2024
Обука за подготовка на документите за аплицирање

Како дел од процесот на аплицирање, Здружението за образование „Пенда“ ќе организира и онлајн обука за подготовка на потребните документи за аплицирање. Апликантите кои ќе ја посетуваат оваа обука ќе имаат приоритет во текот на процесот на разгледување на апликациите.

  • Датум и време на обуката: 31.08.2024 (10:00-12:00 часот).
  • Линк за онлајн обука: https://meet.google.com/kcz-nxnu-zfo
  • Слајдовите од онлајн обуката можете да ги најдете овде: https://drive.google.com/drive/folders/12uq4pbu5ws1L5kXj8YPtX-VlfSeiMtsn?usp=sharing
Најчесто поставувани прашања (ЧПП)

Резиме на прашањата (и соодветните одговори) кои најчесто ги поставуваат апликантите може да најдете овде: https://www.penda.org.mk/frequently-asked-questions-faq/

За дополнителни прашања можете да не контактирате на: contact@penda.org.mk.