Здружението за образование „Пенда“ ги поканува студентите (дипломирани и магистри) и матурантите во Република Северна Македонија да се пријават на отворениот повик за стипендии за учебната 2025/2026 година. Стипендиите ќе бидат доделени на одлични студенти на додипломски студии на кои им е потребна финансиска поддршка.
Информации за отворениот повик за аплицирање
- Формулар за апликација преку Интернет: https://forms.gle/wN1D8TByxDSZvA8q6
- Вредност и времетраење на стипендијата: 5.000 денари месечно (за 9 академски месеци)
- Краен рок за пријавување: 30.09.2025
- Објавување на резултатите за првата фаза од селекција и покани за интервјуа: 13.10.2025
- Термини за интервју:16-18.10.2025
Обука за подготовка на документите за аплицирање
Како дел од процесот на аплицирање, Здружението за образование „Пенда“ ќе организира и онлајн обука за подготовка на потребните документи за аплицирање. Апликантите кои ќе ја посетуваат оваа обука ќе имаат приоритет во текот на процесот на разгледување на апликациите.
- Датум и време на обуката: 10:00-12:00, 06.09.2025
- Линк за онлајн обука: https://meet.google.com/ftz-zhbj-udm
- Слајдовите од онлајн обуката можете да ги најдете овде: https://drive.google.com/drive/folders/12uq4pbu5ws1L5kXj8YPtX-VlfSeiMtsn
Најчесто поставувани прашања (ЧПП)
Резиме на прашањата (и соодветните одговори) кои најчесто ги поставуваат апликантите може да најдете овде: https://www.penda.org.mk/frequently-asked-questions-faq/
За дополнителни прашања можете да не контактирате на: contact@penda.org.mk