Конкурс за стипендии за академската 2023/2024 година

Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги поканува сите универзитетски студенти, вклучувајќи и средношколски матуранти кои живеат во Република Северна Македонија да се пријаават на отворениот конкурс за стипендии за следната академска година.

Оваа година, асоцијацијата ПЕНДА ќе додели одреден број на стипендии во вредност од по 5,000 денари месечно (за 9 академски месеци), со цел да ги поддржи успешните студенти на кои им е потребна финансиска помош.

Апликацијата треба да се достави најдоцна до 16.09.2022 преку следниот формулар: https://forms.gle/doRgvMgjn4ZZ84dv9

Сите кандидати кои ќе ја поминат првата фаза од проццесот на селектирање, ќе бидат своевремено известени и повикани на интервју кое ќе се одржи на 13-15.10.2023.


Како дел од овогодинешниот повик, Aсоцијацијата за образование „Пенда“ ќе понуди бесплатна онлајн обука за подготовка на потребните документи (CV, мотивационо писмо и сл) за аплицирање. Кандидатите кои ќе присуствуваат на онлајн обуката ќе бидат позитивно разгледани за време на процесот на скрининг. Онлајн обуката ќе се одржи на 02.09.2023 (време: 10:00-12:00). Линкот за онлајн обуката е: meet.google.com/bdk-mznv-ctx.

АЖУРИРАЊЕ: Слајдовите од онлајн обуката можете да ги најдете овде: https://drive.google.com/drive/folders/12uq4pbu5ws1L5kXj8YPtX-VlfSeiMtsn?usp=sharing


За дополнителни прашања во врска со аплицирањето, ве молиме да се обратите на следната електронска (е-маил) пошта на: contact@penda.org.mk

Одбор на Асоцијација за Едукација ПЕНДА