Вклучете Се

За Компании

Ако ја делите истата визија со нас и сакате да помогнете во нашата цел, во ПЕНДА има место за сите!

Ако сте правно лице и сакате да и придонесете на ПЕНДА, тоа може да го направите на еден од следниве начини:

  • Донации: Надворешните донации собрани од компании го сочинуваат најголемиот дел од нашите средтства. Овие средства се доделуваат како стипендии на студентите-апликанти.
  • Работа за студенти: Ако имате слободни работни места што можат да ги вршат студенти, ние можеме да ви помогнеме да ги пополните овие места со наоѓање на студенти чии квалификации одговараат со потребите на вашата понуда за работа.

За Поединци

Поединечно можете да придонесете на еден од следниве начини:

  • Донации: Донации: Како невладина организација, најголемиот дел од нашите средства се добиваат преку надворешни донации. Овие средства се доделуваат како стипендии на студентите-апликанти. Ако сакате да помогнете  во нашата мисија, донирајте.
  • Членство: Главната движечка сила зад ПЕНДА се нејзините активни членови. Зачленувањето во ПЕНДА вреди плаќање на симболична сума од €100 годишно. Средствата собрани од донациите на членовите се распределуваат на студентите-апликанти како стипендии, додека мал дел од средствата се користат за оперативните трошоци на организацијата.
  • Застапници и Волонтери: Покрај финансискиот придонес, ПЕНДА се потпира на  силна мрежа на луѓе. За да ја развиеме оваа мрежа и да ги зајакнеме нашите врски, треба да го шириме зборот и да привлечеме повеќе внимание со што ќе поканиме повеќе да ни се приклучат и да ја поддржат нашата мисија. Покрај ова, ако сметате дека имате вештини со кои ќе можете да ни помогнете во секојдневното работење на организацијата, слободно контактирајте не.
  • Менторство: Без разлика дали сте член на ПЕНДА или не, можете да се пријавите на нашата програма за менторство. Преку програмата, доколку студиите на   студентот одговараат со вашите способности, можете да бидете ментор на студентот за време на неговите студии. Ова водство вклучува корисни препораки и дискусии, и подршка со изнаоѓање на соодветен универзитет, студиска програма и/или стипендија.

Доколку горенаведените улоги не ви одговараат, и имате други идеи за тоа како да придонесете, слободно контактирајте не на contact@penda.org.mk.

Мени