За нас
Во ПЕНДА веруваме во моќта на образованието!
ПЕНДА се состои од мала група на млади професионалци кои имаат за цел да обезбедат платформа за луѓето да придонесат во образованието на младите и талентирани студенти.
Од време на време, се сретнуваме со иницијативи наменети за подршка на некоја цел која не интересира. Честопати овие иницијативи се ограничени на една личност или мала група на луѓе. Како последица на тоа, потенцијалниот успех на иницијативата може да биде загрозен. Сепак, шансите за успех на ваквите иницијативи може да бидат подобрени ако добијат повеќе подршка и се спроведат на организиран начин.
Со ПЕНДА претставуваме невладина организација која функционира под ставот на тотална транспарентност и доверливост. Сакаме да постанеме корисна алатка за луѓето заинтересирани да придонесат во образованието. Нашата цел е да обезбедиме стипендии за успешните студенти, но не само тоа. Земајќи го во предвид нашето долгогодишно искуство, ние ќе им обезбедиме водство и менторство на студентите на нивниот пат во образованието.
Нашата мисија е да ги подржиме идните генерации на професионалци кои ќе придонесуваат во нивната средина. Со ова сакаме да воспоставиме долготраен систем кој ќе ја подржува оваа цел за генерациите што доаѓаат.
Ако ја делите истата визија со нас, добродојдовте и придружете ни се!
Кои сме ние?
Виѓиленца Абази
Елмедина Абдулахи
Библиотекарка во Универзитетот ЈИЕ. Има мастер во Јавна Администрација од истиот универзитет. Исто така, член e на одборот во “Nëna dhe Fëmija”.
Флорент Мусаи
Програмер во SAP SE, Германија. Завршил Електротехника и Информатичка Технологија на Технолошкиот Универзитет во Виена.
Фисник Мусаи
Одговорен за планирање на електричната мрежа во Баварија во Bayernwerk AG, Германија. Дипломирал по Електротехника и ИТ Технологија на TU Vienna.
Сами Мехмети
Вонреден професор на Правниот факултет при УЈИЕ во Тетово. Има докторирано во областа на правната историја во Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Блерта Ахмеди Арифи
Доцент по Казнено Правово Правен Факултет, УЈИЕ.
Бесим Мехмети
Архитект и основач во БМА. Вклучен во бројни наградени проекти, гостин-говорник на симпозиуми и неколку архитектонски настани. Дипломирал на Архитектонски факултет во Скопје.
Меннан Селими
Вонреден професор и Истражувач во УЈИЕ. Претходен Подокторски @ University of Cambridge. Д-р од UPC BarcelonaTech and IST Lisbon.
Хана Мусаи
Менаџер за консултантски банкарски регулативи во PwC GmbH, Германија. Магистер во Меѓународна Економија и Управување на Универзитетот во Бајројт.
Бурим Рамадани
Раководител на процеси, методи, и софтверски алатки во CARIAD