Награди за победниците на XXIV Математичка Олимпијада
Асоцијација за Едукација ПЕНДА ги награди најуспешните ученици на XXIV Математичка Олимпијада организирана помеѓу 17-19 Мај во Клина, Косово.
Елмедина Абдулахи, член на Одборот, ја претставуваше нашата организација на овој настан, и им ги додели наградите на победниците.
Врз основа на нивното рангирање, победниците на овој натпревар беа наградени со чекови во парична вредност од по 5000, 4000 и 3000 ден.
Организаторите на овој настан срдечно го пречекаа овој дарежлив чин на ПЕНДА, кој беше позитивно пречекан и од страна на учениците.
ПЕНДА им посакува многу успех на учениците кои учествуваа, и ги поттикнува да продолжат во своите напори.
Исто така сакаме да им се заблагодариме и на организаторите на овој настан, Ревиста ПЛУС, кои преку две децении придонесуваат за и го подржуваат развојот на талентираните ученици по математика во Албанија, Косово и Северна Македонија.
Подолу е целосен список на наградени студенти:
Добитници од IX одделение:
Виољ Гуда
Сабрина Аљуши
Теди Калцо
Нијада Кацмоли
Добитници од VIII одделение:
Љум Јерлиу
Сахра Јахији
Шпетим Демири
Добитници од VII одделение:
Ерина Цолаку
Ириан Кулици
Ленд Калемаси