Годишен извештај за 2025 година

Почитувани донатори и поддржувачи на Здружението Пенда,

Со големо задоволство ве информираме дека во текот на 2025 година успеавме да собереме 22.453,60 евра благодарение на поддршката од нашите донатори. Заедно обезбедивме годишни стипендии за 21 исклучителен студент за академската 2025/2026 година.

Во духот на транспарентност и меѓусебна доверба, во оваа објава го споделуваме Годишниот Извештај за 2025 година на англиски јазик, кој на концизен начин ги прикажува нашите активности и достигнувања во текот на 2025 година, како и финансискиот преглед на организацијата.

Во наше име и во име на сите стипендисти на Пенда, ви изразуваме искрена благодарност за довербата и континуираната поддршка на нашата благородна мисија за градење подобра иднина за сите.

Ви благодариме што создавате можности за нашите стипендисти и за вашиот значаен придонес во образованието.

За дополнителни прашања, можете да не контактирате на: contact@penda.org.mk.

Со почит,
Здружение за едукација „Пенда“