ПЕНДА го организира својот прв добротворен настан
Во петокот, 7 Јуни, Асоцијацијата за Едукација ПЕНДА успешно го организира својот прв хуманитарен настан со цел да собере средства и да има поблиско учество во заедницата. Бевме среќни кога видовме дека на овој настан беа присутни бројни лица кои ја подржуваа ПЕНДА и се запознаа со нејзините цели.
Во текот на овој настан, препознавме професори кои дале голем придонес во образованието, а исто така доделивме и сертификати на првите стипендисти кои добиле финансиска помош од програмите на ПЕНДА.
Би сме сакаме да му се заблагодариме на секој учесник на овој настан за нивниот ценет придонес и нивното присуство на овој прв настан. Исто така, од се срце би сме сакале да им се заблагодариме на уметниците Билгаип Кочиста, Невзат Кица, и Нехат Беќири кои ги дониираа своите уметнички дела на ПЕНДА. Тие беа продадени на аукција за време на настанот и приходите беа искористени како подршка за програмите.
Планираме да организираме понатамошни настани во иднина со намера да ја информираме пошироката јавност за нашите активности. Нашата цел секогаш ќе биде да имаме влијание во уметноста и науката во нашата средина.
Фотографии од настанот може да се најдат на нашата Фејзбук страна.